(ВИДЕО) Градежни работници вежбаат аплауз за доаѓањето на Вучиќ, тој вели дека не знае ништо

https://twitter.com/i/status/1422476398455894110

Во видеото се слуша како возрасен маж им држи говор на работниците и им кажува дека српскиот Клинички центар ќе биде меѓу петте најголеми во светот, прави споредба со претходната власт, а потоа им дава инструкции како да аплаудираат кога ќе пристигне Вучиќ

На социјалните мрежи се појави видео кое наводно е снимено пред денешната посета на српскиот претседател, Александар Вучиќ, и министерот за здравство, Златибор Лончар, во Клинички центар на Србија, а на кое се гледа како градежни работници вежбаат аплауз за да ги поздрават кога тие ќе пристигнат. Вучиќ, пак, тврди дека не знае што правеле работниците пред тој да дојде во обиколка на реконструкцијата на Клиничкиот центар.

На снимката се гледа како возрасен маж им се обраќа на насобраните работници за кои се претпоставува дека работат на изградбата и реконструкцијата.

„Тоа е еден од петте наголеми клинички центри во светот! Не во Србија или на Балканот или во некојаси таму Европа, туку во светот… Што да ви кажам за српското здравство? Него го спаси Златибор Лончар“,

вели возрасниот човек, пренесува српската Нова ТВ.

Тој зборува и за владеењето на претходната власт, а потоа им дава инструкции и за аплаузот.

„Кога ќе бидат овде, ние нив вака ќе ги поздравиме: јас ќе почнам да аплаудирам, потоа и вие -вели човекот што им се обраќа на работниците.

Во изјавата што ја пренесуваат српските медиуми, Вучиќ тврди дека не знаел ништо за тоа.

„Јас не знам за тоа, но нема да ги напаѓам работниците ниту поради тоа ниту поради нешто друго. Гледам дека вам ви е тешко кога јас добивам аплаузи, но што да правите, вам сигурно ви аплаудираат спонтано, а мене само наместено. Ако тоа ви помага да имате подобро мислење за себе. Не знам што правеле работниците, ниту од нив очекував аплауз – одговорил Вучиќ на новинарско прашање.

Тој во изјавата додава и дека сакал само да им подаде рака и да ги праша како ги преживуваат високите температури и дали ќе успеат да ја завршат работата во предвидениот рок