(ВИДЕО) Новинарка почна да плаче кога ги слушна маките на жител од островот Евија

Грчката новинарка Евлампија Реви почна да плаче во програма во живо, известувајќи од Евија каде беснее пожар.

Таа почна да плаче при разговорот со жител на малиот град Галатосон на грчкиот остров Евија. Тој со зарипнат глас и објасни дека не спие со денови, затоа што се обидува да ја заштити својата куќа. Човекот одговори дека нема каде да оди и дека не се плаши од пожарот.

Новинарката го симна ранецот и се обиде да побара маска за да му даде, бидејќи тој едвај зборуваше од чадот. Тогаш човекот почна да плаче, а и таа заедно со него

https://youtu.be/VpV7Avroc-g?t=2