Гостиварец заврши во болница – го поправал камионот, возилото се придвижило и го притиснало

0
41

Гостиварец заврши во болница додека го поправал камионот, возилото се придвижило и го притиснало.

– На 27.08.2021 околу 18,00 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека во с.Балиндол,гостиварско во семејно дворно место додека А.Б.(55) вршел поправка на товарно моторно возило влекач „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на неговиот брат Б.Б. возилото се придвижило наназад и го притиснало А.Б, велат од МВР.

Повредениот е префрлен во Медицински центар Гостивар каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди.