
За 24 часа примени се нови 20 пациенти со тешка клиничка слика. Се распоредуваат во собите од другите одделенија, затоа што во модуларната, инфективното и двата ката од интерното кои се пренаменети во Ковид центри празни места нема. Реорганизација на болницата постојано се прави, во зависнот ситуацијата со вирусот која е се поалармантна.
Загриженоста голема, но нови мерки за Тетово нема. Како опција на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, било предложено намалување на капацитетот на јавниот превоз и работа на угостителките објекти со пократко време. Но мерките засега на се усвоени, посочи минiситерот Филипче
И Општина Тетово засега без препораки и локални мерки. Но од таму во време на раст на бројот на заразени, со пофалија со градските автобуси кои утринава за прв пат започнаа да превезуваат патници, каде дистанца воопшто и не можеше да се одржува.
Капацитетот на еден автобус е 100 лица, но истиот како што кажаа од претпријатието ќе биде органичен, со цел спречување на ширење на заразата.
Во овој период мора да се избегнуваат собири и места каде е невозможно да се одржува дистанца, апелираше д-р Гзим Нуредини координатор на Ковид центарот при Клиничката болница Тетово.
Ситуацијата со вирусот е загрижувачка во целиот полошки регион. И во гостиварско веќе се наполнети болничките капацитети со Ковид болни.
Пациентите од овој регион како што најави Филипче, во зависност од потребите ќе се препраќаат во градската болница 8 септември и модуларната во Скопје.