За еден ден седум пациенти починаа од Ковид 19 во тетовската болница

Како што расте бројот  на хоспитализирани и позитивни случаи на КОВИД 19 во тетовско, така се зголемува и бројот на смртни случаи.  Седум пациенти починаа од ковид во тетовската болница

 

 Расте бројот на хоспитализирани и тешки случаи , а последниве неколку дена голем дел од нив завршуваат кобно. Вчера четири, а утринава доктор Гзим Нуредини координаторот на ковид центарот при Клиничката болница Тетово, потврди дека за изминативе 24 часа починале 7 пациенти како последица од КОВИД 19.

Трендот на раст на бројот на хоспитализирани и починати ќе продолжи, со оглед на зголемениот број на амбулатнски прегледи од над 200 на ден, а сето тоа говори дека не сме блиску до пикот на болеста, која ќе трае и во нареднив период што следи

Затоа потребна е голема претпазливост, вели д-р Нуредини, особено младите кои воопшто не ги почитуваат здравствените протоколи и мерки.

Во полошко има најголем број на активни случаи и е регион со голем број хоспитализирани и починати како последица од КОВИД 19. 

ммс