Кренати рампите на „Богородица“, пожарот под контрола

Борбата со пламените јазици траела четири часа. Пожарот ја зафатил граничната караулата на АРМ, каде било опожарено едно полициско возило.
Поради пожарот што попладнево избувна на потегот меѓу месноста Милци и Граничниот премин „Богородица”, сообраќајот на овој граничен премин беше во прекин неколку часа и возилата беа пренасочувани на граничниот премин „Дојран”, информираат од АМСМ. л кон границата со Грција. Од грчка страна, пожарот го гаснеле пожарникари од Поликастро.

Вечерва нешто по 20:00 часот граничниот премин „Богородица“, повторно беше отворен за сообраќај откако пожарот бил локализиран и ставен под
контрола од страна на пожарникарите од Гевгелија и вработени во ЈП „Комуналец“, кои со помош од воени хеликоптери успеаа да ги скротат пламените јазици и да ги спасат од поголема опасност објектите на потегот кон ГП „Богородица“.

Од Општина Гевгелија информираат дека борбата со пламените јазици траела четири часа. Огнот го зафатил шумскиот појас крај македонско-грчката граница, но за среќа е ставен под контрола. „Зафатена е огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчката територија, зафаќајќи ја и граничната караулата на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило“, велат од Општина Гевгелија.

За среќа, велат од Општината, избегната е поголема катастрофа и пожарот не ги зафати граничниот премин, хотелите „Фламинго“ и „Принцес“, но и двете бензински пумпи „Шимов“ и „Окта“.