Кривична против едно лице од село Требош, кај него била пронајдена марихуана

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.И.(21) од с.Требош, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

„На 18.02.2021 на регионалниот пат с.Волковија–Тетово, полициски службеници го запреле возилото во кое се превезувал пријавениот како сопатник и при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана“, информираат од МВР.