Мистериозна смрт на момче (13) и девојка (20) го стаписаа Балканот: На исто место си го одземаа животот, момчето најави што ќе стори

Дваесетгодишната М.Г. од околината на црногорското населено место Пљевља си го одзеде животот скокајќи од голема височина од мостот на реката Тара на 27 јули, а сега сите се збогуваат со неа на социјалните мрежи.

М. Г. си го одзеде животот скокајќи од мостот, од висина од околу 180 метри во провалија. Нејзиното тело беше пронајдено следниот ден во реката Тара во близина на црквата Свети Архангел Михаил.

Смртта на девојчето повлече уште една трагедија – дваесет дена подоцна, во текот на вчерашниот ден, момче (13) од областа Пљевља, кое го следеше ова девојче на Тикток и често и пишуваше пораки – исто така си го одзеде животот на идентитен начин, на истото место.

Момчето потоа почнало да остава пораки дека таа е негова љубов и дека наскоро ќе и се придружи.

– Наскоро, истиот мост, истата патика, исто се, напиша момчето.

– Спиј добро, мила, одмори се добро и чекај ме горе, напишала една пријателка на М.Г.

На оваа социјална мрежа, многумина и се обраќаат на девојката како „ангел“ и „легенда“, па една од пораките е:

“Ми недостигаш легендо. Те сакам иако никогаш не сум те сретнал. Летај висока легендо”.

Дека овие два случаи се поврзани, јасно укажуваат нивните профили на социјалните мрежи – и двајцата оставија иста порака на Инстаграм со натпис (Safe place) „Безбедно место“ и шест срца во бои на виножито – во ист редослед, во ист фонт. За да ја направат ситуацијата уште побизарна, тие следеа, а и нив ги следеа идентичен број луѓе – 538.

Момчето објави видео во кое ја нацрта М. Г. и напиша дека „девојката што ја сака сега е во рајот“, неколку часа подоцна си го одзеде животот на истото место каде што и таа го стори истото.