За опозициската ВМРО-ДПМНЕ ова е кршење на Уставот и законите.
Од владејачката СДСМ пак, возвраќаат дека издавањето на лични карти со Северна и без да се донесат законските измени е сосема легално.
„МВР како надлежна институција и Министерот за внатрешни работи ги имаат сите законски овластувања за донесување на подзаконскиот акт со кој се уредува издавањето на лична карта за граѓаните, а во согласност со Уставот, Уставните амандмани, Законот за лична карта и Законот за употреба на јазиците….
Граѓаните не смеат и не може да бидат заложници на дневно-политичките интереси на Левица и ВМРО-ДПМНЕ, кои со поднесување на илјадници амандмани на предлог-Законите се обидуваат да го блокираат работењето на институциите и да прикажат слика дека системот нема капацитет да одговори на потребите на граѓаните“, коментираат од владејачката партија.
Повеќе од 40 илјади граѓани измантиве два месеци останаа без лична карта поради тоа што МВР напрвило трансфер на податоците во систем што го користи новото уставно име без да бидат донесени измените на Законот за лична карта.
По реакции на граѓаните, МВР вчера донесе подзаконски акт за издавање на лични карти со новотот уставно име повикувајќи се директно на уставните амандмани поврзани со Преспанскиот договор.
Сител Телевизија