Осуденичка за измама која се бараше по потерница заврши во затворот во Идризово

Полицијата денес околу 12 часот приведе жена осудена за измама која се барала по централна потерница. Според МВР, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода и ЕВР Чаир од Одделот за потраги ја привеле Ленче Николовска од Скопје. Потерницата МВР ја распиша по наредба на Основниот кривичен суд Скопје.

Таа била осудена на затворска казна од 1 година и шест месеци.

По приведувањето осудената е спроведена во полициска станица, а потоа во затворот во Идризово за издржување на затворската казна.