Пожарот од Пехчево се наближува кон бугарската граница, испратено предупредување

Пожарот кој беснее во источниот дел на земјава, се приближува до границата со соседна Бугарија. Според информациите, тој се наоѓа на 2 километри од границата, но брзо се шири, па може да стигне и на бугарска територија.

Жители на градовите во близина како што е Благоевград, се жалат на мирис на чад.

Општината Симитли веќе испрати предупредување до граѓаните, особено до оние кои живеат во високите места и во пограничниот регион, да бидат максимално концентрирани и подготвени во случај на доаѓање на оган, итно да се спуштат кон градот.