Ситуацијата со вирусот во тетовско излезе од контрола. Од регион со неколку кластери претежно од семејни и други прослави сега сме во фаза на широка трансмисија на болеста, алармираат здравствените работници. Непочитувањето на мерките и протоколите како и слабиот одзив за вакцинација се главните причини.
Трите болнички одделенија во тетовската болница каде се сместени Ковид пациенти нагло се полнат. Засега има капацитет, ако има потреба ќе се отвараат нови одделенија. На помош е повикан останатиот болнички персонал, а годишните одмори за вработените во Инфективно и Ковид центарот се прекинати, сите се повикани на работа. Во моментов се хоспитализирани 32 пациенти сите со тешка клиничка слика. Состојбата е критична особено последниве неколку дена
Амбулантските прегледи растат и до 70 ден. Тетовско стана регион со најголем број на активни случаи. Имаме 220 на домашно лекување, а 200 во изолација што е мала бројка споредбено со бројот на болни.
Се работи за индивидуална неодговорност. Ако неселението и натаму не ги почитува мерките и не покаже поголем интерес за вакцинација не чека тешка есен, изјави д-р Сузана Субашиќ епидемиолог во Центар за јавно здравје Тетово.
А на терен се гледа дека голем дел од граѓаните не ги почитуваат мерките. Не носат маски каде не може да се одржува достанца. Статистиката говори дека тетовско е регион каде има најслаб одзив за имунизација, каде се вакцинирале едвај 20 % од населението.