Терористичката група „Деца на Огнот“ e одговорна за пожарите во Анталија, Мармарис и Бодрум.
Од организацијата соопштија дека на тој начин сакале да им се одмаздат на турските власти. Во земјата активни се 8 пожари. Досега во пожарите во Турција загинаа 10 луѓе. Борбите со шумските пожари продолжуваат и на грчкиот полуостров Пелопонез, во делови на Италија. Русија, и Албанија. Грција и Турција имаат екстремно високи температури.