
За 24 часа во Клиничката болница Тетово се хоспитализирани 16 пациенти. Во трите одделенија има 51 Ковид пациент, речиси сите со тешка клиничка слика и на кислородна подршка.
Сликата пред инфективното одделение и модуларната болница, говори дека заразата ќе се шири со уште побрз раст ,ако се земе предвид фактот од над 120 амбулантски прегледи за еден ден.Вакцинација и почитување на мерките тоа е решението, посочуваат здравствените работници
Модуларната болница која започна да работи пред неколку недели е целосно исполнета.И интерното оделение од денеска е адаптирано за Ковид пациенти.Но, просторен капацитет засега се уште има .
Интересот и натаму голем за вакцинација, по порастот на бројот на позитивни и хоспитализирани пациенти.Се очекува процентот од над 20 % имунизирани во тетовско деновививе да се надмине.
Но проблемот со гужвите во регионалниот пункт за вакцинација во Тетово и натаму присутен. Денеска отворен е уште еден влез кој ќе биде наменет само за лица кои се ревакцинираат, со цел воведување на минимален ред, а за неколку дена се очекува да се пушти во употреба и новиот пункт во Здравствениот дом Тетово.