Пожарот кај Раовиќ, Буковиќ во општина Сарај е се уште активен и таму гори мешана шума, информираше портпаролката на Центарот за управување со кризи Надица В’чкова. на овие места гори веќе осум дена а се гаси од земја и до воздух. Вчера се приклучил и хеликоптерот од Црна Гора, кој извршил 12 налета испуштајќи поголема количина на вода. Сепак операцијата е безуспешна.
„Станува збор за специфично земјиште кое и покрај тоа што беа фрлени 17 тони вода продолжува да гори, рече В’чкова.
Повторно е активен пожарот кај селото Барово и Вешија во Демир Капија, а почнало повторно да гори и кај Горно Мелничани. Ситуацијата овде е непроменета и градоначалникот на Центар Жупа барал интервенција од воздух за што ќе се одлучува денеска. В’чкова рече дека акцијата ќе ја координира Стојанче Ангелов.
Гори и во прилепско кај Ракле и Никодин.