Дома Магазин Јутјубер во камионет прескокнал поток, па заработил астрономска казна (ВИДЕО)

Јутјубер во камионет прескокнал поток, па заработил астрономска казна (ВИДЕО)

Иако потокот се наоѓа на приватно земјиште, јутјубер ќе треба да плати казна и да го санира потокот.

 

На крајот, поднесени се 18 кривични пријави против youtuber-от поврзани со нарушување на водниот канал, загадување, уништување. Судот на крајот одлучил дека јутјуберот со вистинско име Мајкл Хисонг мора да плати 53.000 американски долари за рехабилитација на потокот и ќе мора една година да се приклучи на програмата за општокорисна работа, пишува „Јорк дејли рекорд“.

“Немав поим дека е нелегално да се вози низ поток. Јас сум човек од животната средина, пешачам и никогаш не сум ја уништил природата. Не сум тип што ги уништува природните ресурси”, рекол Хисонг, во меѓувреме отстранувајќи ги видеата од YouTube.