Авганистанец се здобил со тешки повреди при обид да се качи на товарен воз кон Скопје

0
19

Р.О. од Авганистан, мигрант, е тешко повреден откако се обидел да се качи на товарен воз кој тргнал од Железничката станица Криволак кон Скопје.

Како што соопшти МВР, случајот е пријавен ноќеска, во 00:25 часот во Полициската станица Неготино.

Р.О. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.