Адеми: 80% од бегалците што ќе ги примиме се вакцинирани против коронавирус, тоа се луѓе од угледни организации

0
21

Бегалците што привремено ќе ги згрижиме 20 години работеа за невладини организации и беа дел од нашата мисија таму, нашата армија, помагаа на НАТО. Солидарноста во овие тешки моменти како членко на НАТО ја покажавме. Низ историјата сме имале вакви ситуации и сме покажале дека знаеме да помогнеме, изјави советникот за надворешна политика во кабинетот на премиерот Заев, Едмонд Адеми за дневникот на ТВ Сител.

Тој потенцира дека се уште немаат точна информација кога ќе пристигнат странците, кои ќе имаат привремен престој во земјава.

Кога ќе дојдат ќе зависи од безбедносната ситуација на терен, во и околу аеродромот во Кабул. Лицата што ќе ги примиме се дел од угледни организации како ООН, Отворено општество, невладини организации за работа со жени, новинари и дописници од ББС, Њујорк Тајмс, студенти од институтот Хопкинс, уметнички и културни работници. Ги проверуваме сите поединечно, согласно со списоците што ги добивме. Сите овие ќе бидат процесуирани во САД или трети земји, информира Адеми, посочувајќи дека 80 % од бегалците што ќе дојдат веќе се вакцинирани против коронавирус.