Активен пожарот кај Кокино, ангажирани дополнителни сили за гасење

0
18

Екипите на противпожарната единица на Старо Нагоричане, со поддршка на пожарникарите од Куманово, Скопје, Ранковце, припадници на шумското стопанство, припадници на МВР, мештани сè уште го гасат пожарот кај Кокино .

Во пожарот е зафатена поголема површина на борова, дабова и нискостеблеста шума. Пожарот веќе втори ден беснее над Кокино, општина Старо Нагоричане информираа претходно надлежните од РЦУК Куманово, додавајќи дека во гасењето е вклучен и хеликоптер на Армијата. Претходно беа и евакуирани и жители.

– Информирани се сите институции, се првата напори, се ангажираат дополнителни сили, за да се спречи пожарот да ги зафати куќите-изјави в.д. раководителот на РЦУК Куманово, Арбнор Тефику.

Командирот на противпожарната единица на Старо Нагоричане, Далибор Трајковски вели дека во тек е акција за гасење на пожарот, нагласувајќи дека силниот ветер предизвикува проблеми при гасењето.

Во кумановско, пак пожар има во Мургаш каде гори нискостеблеста дабова и борова шума. Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски информираше дека пожарот го гасат три противпожарни возила со десетмина пожарникари.