БОРИСОВ: ГЕРБ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ВЛАДА СО ДАНИЕЛ МИТОВ КАКО КАНДИДАТ ЗА ПРЕМИЕР

0
61

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на брифинг во седиштето на партијата изјави дека доколку на неговата партија дојде можноста да формира влада, таа ќе го предложи Даниел Митов за премиер.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов кажа дека по презентирањето на кандидатурата на Митов, партијата веднаш ќе го врати мандатот, а пред тоа на претседателот ќе му претстават состав на бугарската Влада.

Во последните денови, наведе Борисов, немало бугарски политичар кој не кажал дека тоа што се случува во Бугарија е хаос.

-Единствено нашиот слоган се покажа точен. Време е за нешто друго, видовте што е другото – хаос, додаде Борисов.

Дописникот на МИА од Софија потсетува дека Даниел Митов беше кандидат за премиер од ГЕРБ-ДПС по претходните парламентарни избори, на 4 април, но тогаш другите политички партии не го поддржаа и овој обид пропадна.