ВИДЕО: Американците ја преземаат контролата врз хаотичниот аеродром во Кабул

0
23

 

На аеродромот во Кабул владее паника бидејќи очајните Авганистанци се обидуваат да побегнат откако Талибанците го презедоа главниот град, јавуваат агенциите

Очевидци за западните медиуми изјавија дека најмалку тројца цивили загинале на аеродромот кој во моментов е обезбедуван од американските војници. Не е јасно дали биле загинатите биле застрелани или загинале во стампедото на успаничените авганистански цивили кои бегаат пред налетот на Талибанците .

Стотици странци и Авганистанци беа заглавени на аеродромот по откажувањето на редовните летови. Во исто време, САД и другите земји се обидуваат да го евакуираат својот персонал и персоналот на сојузниците.

Откако толпатата упадна на пистата, американските војници пукаа во воздух за да ги растераат луѓето кои насилно се обидоа да се качат во авионите.

Видеата прикажуваат како некои очајно ги фаќаат тркалата на авионот што се подготвува за полетување. На второто се гледа како човек паѓа од авион кој веќе полетал.

Американски воен претставник за агенцијата Ројтерс изјави дека САД привремено ги прекинале сите летови за евакуација додека луѓето не излезат од пистата.

Портпаролот на Талибанците денеска порача дека ќе им дозволи на луѓето на аеродромот да се вратат дома.

Сухаил Шахин, преговарач на Талибанците во Доха, вети дека животот и имотот на луѓето се безбедни. „Ние сме слуги на народот и слуги на оваа земја, порача тој