(Видео) Драма во Џалалабад: Талибанци пукаа во демонстранти на улица

0
18

Талибанците денеска отворија оган кон демонстранти во Џалалабад кои бараа да се врати авганистанското знаме наместо талибанското на институционалните објекти во градот, јави локалната новинска агенција „Аџвок авган њуз“.

Во веста на медиумот се наведува и оти талибански борци тепале поедини новинари кои известувале од протестот. Според непотврдени наводи, две лица се убиени, а најмалку десет се приведени.

 

На видео снимки што се појавија на социјалните мрежи се гледа како низ улиците се шетаат стотина лица кои носат авганистански знамиња додека во позадина се слушаат пукотници, пренесува „Индија тудеј“.

Претходно денеска и група жени излезе на прв јавен протест во Авганистан, барајќи почитување на нивните права меѓу кои се социјална безбедност, право на работа, на образование и на учество во политичкиот живот во земјата. Протестите се први форми на побуна против талибанците кои пред три дена влегоа во Кабул и ја презедоа власта во Авганистан.

https://twitter.com/i/status/1427932594205724673