ВИДЕО – Наместо за заштита регионалниот пункт во Тетово стана опасно жариште за ширење на заразата, стотици граѓани чекаа ред и повеќе од 5 часа да бидат имунизирани

0
23

Стотици граѓани чекаа ред и повеќе од 5 часа да бидат имунизирани во регионалниот пункт во Тетово. На толкави гужви, дистанцата не е возможна, а ширењето на заразата е доста веројатна. Граѓаните се жалат дека нема ред, надлежните пак ги обвинуваат пациентите за недисциплина. Се најавува отворање на нов пункт за вакцинација.  

 Наместо за заштита регионалниот пункт во Тетово стана опасно жариште за ширење на заразата. На огромните гужви и турканици никако да му се стави ред и крај.

Дали е ова нов кластер во Тетово се прашуваат граѓаните и бараат решавање на проблемот. Голем дел од нив дојдени се во 6 наутро, чекаа ред да ја примат првата доза, но и по повеќе од 5 часа чекање, не се ниту влезени во пунктот.

Здравствените работници велат дека од ден на ден има се повеќе гужви. Интересот за вакцинација е за поздравување, но безредието кои го прават и самите граѓани, може да создаде големи проблеми и брза трансмисија на болеста. Како недостаток е и немањето на доволно медицински кадар на самиот пункт, поради годишните одмори

Надлежните велат дека наскоро ќе се отвори нов пункт во Тетово, со цел растеретување на гужвите.

Зголемениот интерес последниве десетина дена го зголеми процентот на вакцинирани граѓани во тетовско, регион кој минатиот месец имаше најмал процент на вакцинирани. Заклучно месец јули, во регионалниот пункт во Тетово имунизирани се околу 30 000 граѓани.