ВИДЕО – Независна листа на кандидати ќе се бори за подобро Тетово 

0
22
До државната изборна комисија поднесена листата на независни кандидати за советници во Советот на Општина Тетово од Иницијативата за подобро Тетово Во тек е собирање потписи во во регионалната канцеларија во Тетово.
Се работи за надпартиски кандидати, луѓе со голем професионален багаж кои му помагале на Тетово, а сакаат таа мисија да ја продолжат и во рамки на институциите на системот, рече Хамди Сулејмани од Иницијативата.
Независната листа на кандидати од Иницијативата за подобро Тетово ќе има главни три приоритети за градот, чиста животна средина планирана урбанизација и транспарентност.
https://youtu.be/8QMWGR1xcw0?t=2

 

Од денеска започна собирањето на потписи во регионалната канцеларија на ДИК во Тетово, законскиот минимум е за независната листа да се потпишат 350 граѓани.