Вирусот во Тетово не се смирува. Бројот на хоспитализирани расте, амбулантските прегледи се зголемуваат

0
21
Вирусот во Тетово не се смирува. Бројот на хоспитализирани расте, амбулантските прегледи се зголемуваат. Се уште е рано новите мерки на владата да дадат позитивни резултати, велат здравствените работници. Во тетовско Непроштено како превентива, сопствениците на кафулињата одлучија да не служат гости во самите објекти.

 

Веќе една недела кафулињата во Непроштено без посетители во објектите. Кафе и пијалак може само да нарача. Така одлучиле сопствениците, со цел спречување на ширење на заразата. Примерот треба да го следат и останатите населени места, со оглед на растот на бројот на заразени, хоспитализирани и починати, сметаат мештаните.

А алармот во Клиничката болница Тетово се уште е вклучен на црвено. Во последните 24 часа хоспитализирани се 14 пациенти, а во сите 4 одделенија моментално од ковид се лекуваат 123 лица, речиси сите со тешка клиничка слика. Има 5 починати пациенти меѓу кои и 49 годишник.

А бројот на aмбулантските прегледи не даваат оптимистички прогнози, дека сосотoјбата со вирусот ќе се смири.

 Здравствените работници апелираат на продолжување на трендот на масовна вакцинација, оти и натаму над 90 % од хоспитализираните не се имунизирани.