Вирусот ја напаѓа соседната општина од полошкиот регион. 15 % од населението во Општина Маврово Ростуше е заразено со Ковид 19

0
21

Вирусот ја напаѓа соседната општина од полошкиот регион. 15 % од населението во Општина Маврово Ростуше е заразено со Ковид 19. Расте бројот на хоспитализирани и починати.

 Во Здравствениот дом во Општина Маврово Ростуше хоспитализирани се 10 лица. Речиси секојдневно вирусот одзема човечки животи. Нема село без позитивни на коронавирусот.

Алармантната состојба го принуди Кризниот штаб на општината да побара наставата со физичо присуство, во основните и средното училиште да се одложи.

А во полошко според бројот на амбулантски прегледи и хоспитализирани кои се намалуваат, состојбата како што велат здравствените работници малку се подобрува.

Во Клиничката болница Тетово хоспитализирани се 116 лица, а починале двајца пациенти.

Се намалува бројот на заразени , а интересот за вакцинација е се поголем.

Пикот на четвртиот бран во полошко како што кажаа здравствените власти пред неколку дена е достигнат, сега кривата се симнува, но вирусот ги напаѓа соседните општини каде таму ситуацијата станува алармантна.