ВЛАДАТА ЈА РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРКАТА НА ДИЖС АНА ПЕТРОВСКА, НОВ В.Д. Е СРЕТЕН СТОЈКОВСКИ

0
17

На денешната седница владата ја разреши Ана Петровска од функцијата в.д. Директорка на Државниот инспекторат за животна средина (дижс) и на нејзино место го именува Сретен Стојковски, потврдија од Влада за телевизија 24.

Засега не се знае официјално кои се причините за разрешувањето на петровска. Таа утринава одржа и пресконференција на која даваше отчет за сработеното на ДИЖС, а не сакаше да ги коментира најавите за нејзиното разрешување. Петровска на чело на дижс дојде во октомври минатата година.