Владата ќе ги надомести штетите на угостителите и на граѓаните

0
18

Владата ќе ги надомести штетите и на угостителите и на граѓаните што тое ќе ги имаат како последиица од мерките за спречување на ширење на Ковид 19.

Зголемениот број заболени од Ковид 19 што е резултат меѓу другото и на непочитување на мерките за заштита, ја натера Владата да преземе соодветни мерки за да ги заштити граѓаните од натамошна ескалација на заболени, да го сочува здравственниот систем, со засилени протоколи за работа на угостителските објекти.

Реакциите во јавноста беа различни, од широка подршка на мнозинството граѓани, до одредени негодувања. И едните и другите реакции се оправдани и легитимни. Но Владата им обврска да ги штити граѓаните сите заедно па и од нив самите, при тоа водејќи сметка и за одржливост на работата на угостителските објекти како што тоа го направи и во периодот на почетокот на пандемијата и во време на нејзиниот шпиц.

Од Владата уверуваат дека како и досега за надоместокот и штетите како кај угостителите така и за граѓаните ќе разговара и ќе донесе одлука во најбрзо време. Како доказ за тоа Владата потсетува на мерките со кои ги стимулираше и финансиски поддржа угостителите, но се убедени дека мерките се нужни и се во интерес на заштитата на јавното здравје.

Во однос на прашањето што многумина си го поставуваат зошто влез во објектите за семејни веселби е дозволен само со сертификати,а не и со ПЦР тестови, одговорот е затоа што е докажано дека вакцинацијата е најсигурна заштита од вирусот и со оваа мерка се обезбедува најбезбеден протокол за посета на угостителски објекти.

Инаку мерките предвидуваат забрана во сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувалниците и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, прием на посетители и гости и послужување во затворениот дел на објектите, а во текот на работното време се дозволува работа на отворените делови – тераси од угостителскиот објект и служење пијалаци во внатрешноста на казината, обложувалниците и автомат клубовите, почнувајќи од 16 август 2021 година.

Угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) можат да ја организираат работата како ресторани на отворено, во отворениот дел од угостителскиот објект, односно на терасите и да организираат свадби со присуство на музичари, согласно соодветниот наменски протокол и се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителските објекти, почнувајќи од 16 август 2021 година.

Исклучок се угостителските објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, како и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување) за посета од лицата сместени во овие објекти.

Овој бран на корона вирусот очигледно ќе биде силен и должност на Владата е да обезбеди максимална заштита на граѓаните, но и да ја стимулира вакцинацијата како единствено и силно оружје за борба со пандемијата.

Слични мерки се спроведуваат во повеќе од 10 земји во ЕУ и секој ден нови земји се приклучуваат, што е доказ дека мерките не се погрешни, бидејќи функционираат. Инаку на јавноста и е познато дека сите епидемиолошки мерки се носат по препорака на Комисијата за заразни болести, а ги усвојува Владата.