ВМРО ДПМНЕ – Во ист ден Владата и ДЗС тврдат дека нема доволно попишувачи, а потоа излегува премиерот Заев и вели – имаме!

0
18

Зоран Заев, владата која ја води и ДЗС нека се договорат има или нема доволно попишувачи?! А потоа да не го загрозуваат здравјето на граѓаните и да прифатат електронски попис

Ова се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врска со „раштиманиот владин оркестар“ кој во рок од еден ден ги менува ставовите за пописот и попишувачите.

-Во само 24 часа имаме два различни става, првин ДЗС и владата велат дека немало доволно попишувачи, а потоа Заев излегува и вели дека има. Аматеризмот со кој владата ја води целата операција околу пописот покажува дека целосно несериозно ја водат државата и дури и оваа најзначајна статистичка операција како што е пописот се спремни да ја компромитираат, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ, се додава во соопштението, нуди предлог излезно решение од калта во која власта сама се заглави.

-Доколку има проблем со попишувачите, кој очигледно го има, но и поради се поголемиот замав на 4 бран на КОВИД 19 од кој гледаме дека секојдневно се заразуваат и над 1000 луѓе, а по 20-тина умираат, потребно е спроведување на електронски попис, како ќе се спречи евентуален неуспех на пописот. Време е СДСМ да не се инаети и да гледа кон работите разумно за доброто на граѓаните, се вели во реакцијата од опозициската партија.