ВМРО-ДПМНЕ: Заев и министрите се сончаат на плажа, а народот сам се бори против пожарите

0
18

Македонија се соочува со катастрофа, загрозени се села и градови, горат илјадници хектари шуми, загрозени се животи и имоти на граѓаните, а Заев и министрите се на одмор, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа власт на Заев е ненародна, но ова веќе е бесрамно. Граѓаните се оставени сами да се борат со огнените стихии, додека половина влада вклучително и Заев уживаат на плажа. Три дена нема трага и глас од Зоран Заев. Неговата власт е одговорна што две години скапуваат во хангари авионите за гаснење на пожар. Неговата власт е виновна што надлежните институции не реагираа навреме пред пожарите да ескалираат. Се трошат пари за мебел, службени возила, повисоки хонорари и партиски вработувања, наместо да се обнови и зајакне капацитетот кој треба да ги штити граѓаните од пожари. Веќе никој не бара одговори од Заев, веќе од Заев и оваа власт се бара одговорност“, се вели во соопштението.