ВМРО-ДПМНЕ: Филипче воведе дискриминаторски, фашизоидни мерки за граѓаните

0
21

Зоран Заев и Венко Филипче воведоа мерки кои ги диксриминираат граѓаните, а угостителите ги уништуваат.

Немаше мерка, ниту одговор на ниту еден од трите корона бранови, а нема ни на прагот на овој 4-ти бран со корона.

Граѓаните од понеделник не можат да социјализираат, не може на кафе да седнат, угостителите не знаат како да постапуваат со гостите од понеделник, а од нив живеат.

Заев и Филипче направија целосен хаос.

Филипче воведе крајно дискриминаторски и фашизоидни мерки и си замина на одмор, односно се врати на одмор.

На ова однесување граѓаните ќе стават крај.

Веќе никој ништо не очекува од Заев и Филипче. Спасот е само нивното заминување од функциите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ