ВМРО НП – Поставување на Македонец за Претседател на Советот да биде главен предуслов при  формирање на мнозинство во идниот Совет на Општина Тетово

0
20

Од ВМРО НП преку писмено соопштение ги потсетуваат граѓаните дека иако нивната иницијатива за заеднички настап на претстојните Локални избори 2021 година на македонските партии на подрачјето на Општина Тетово не наиде на позитивен одговор од СДСМ и ДПМНЕ ,сепак од партијата сметаат дека сѐ уште постои можност за обединување околу определена платформа, односно околу определени принципи.

Во продолжение е соопштение на ВМРО НП

-Имено, како последица од т.н. Мајски договор (потпишан од ДУИ и ДПМНЕ, а спроведен од ДУИ и СДСМ, при што заради спречување од мајоризација на малцинството мнозинската партија „е обврзана“ да склучи коалиција со победникот во малцинскиот кампус), ДУИ во 2008 година стана дел од Владата, а подоцна и Талат Џафери стана Претседател на македонското Собрание. Соодветно на овој принцип „победник со победник“, ги повикуваме локалните претставници на СДСМ и ДПМНЕ заедно да застанеме зад барањето за примена на Мајскиот договор и на локално ниво, при што победникот во македонскиот кампус да даде предлог за Претседател на Советот на Општина Тетово којшто ќе се конституира по изборите, односно поставување на Македонец за Претседател на Советот да биде главен предуслов при  формирање на мнозинство во идниот Совет.Сметаме дека конечно е созреано времето кога граѓаните Македонци би добиле определена политичка функција во следниот Совет на Општина Тетово, односно да престанатда бидат маргинализирани во сопствениот град.

Со почит, ВМРО Народна партија ОК Тетово