Во август починале 30 целосно вакцинирани лица, реинфицирани над 50 прележани

0
17

Од 17.020 позитивни на Ковид последните 3 недели близу 3000 односно 17 проценти биле вакцинирани. Анализата на ИЈЗ пак покажува дека за 18  месеци од почетокот на пандемијата во земјава се регистрирани 351 случај на реинфекции, од нив 54 лица повторно се заразиле и тоа во текот на изминатите 7 дена.

Од здравство информираат дека во моментот 89 отсто од хоспитализираните пациенти не се вакцинирани.

Според анализата за 3 недели од компликации од Ковид во земјава починале 276 лица, од нив 30  биле вакцинирани, но имале повеќе хронични заболувања се наведува во анализата.

Министерот за здравство вели дека има и случаи на заболени кои и прележале и биле вакцинирани, но биле многу малку.

Досега во земјава вакцинирани се  703.500 граѓани, а 172.657 имале позитивен ПЦР тест.