Во дворот на тетовската касарна Кузман Јосифоски Питу Тетово беше откриена спомен плоча на загинат припадник на словачките безбедносни сили во 2001

0
24
 
Во дворот на тетовската касарна Кузман Јосифоски Питу Тетово беше откриена спомен плоча на загинат припадник на словачките безбедносни сили кој заедно со уште двајца членови на мониторинг мисијата на Европската Унија налетувајќи на мина поставена на планинскиот потег меѓу Тетово и Гостивар ги загубија животите

 

Словачкиот војник Лубомир Орсаг на 19 јули за време на воениот конфликт во 2001 година го загуби својот живот на Шарпланинскиот масив. Неговиот придонес и на останатите странски војници е голем за земјава, која сега за стратешки партнер ја има матичната земја на Орсаг, посочи државниот секретар во Министерството за одбрана на Македонија Драган Николиќ

Мариан Мајер државен секретар на Министерство за одбрана на Словачка, се надева дека местото и спомен плочата ќе се одржува и ќе се дава голема почит на жртвите.

Свежи цвеќиња пред спомен плочата положија воени делегации на Македонија и Словачка