Во полошко печалбарите ретко инвестираат, трошат пари само по ресторани, бутици, и златари

0
16

Печалбарите дојдени во тетовско ја раздвижија економија. Бенефитот се чуствува, но само кога се дојдени во летниот период и за време на новогодишните празници. Ретко кој од нив одлучува да инвестира тука. Велат дека немаат сигурност и голема недоверба кон институциите.

Имер Имери од тетовско Слатино 32 години работи во Швајцарија. Неговиот роден крај го посетува неколку пати во годината. Сака да се врати и да инвестира. Имал неколку обиди но неуспешни. Сложената бирократија и административни процедури, како и немањето на основна инфраструткура, го одвратиле од идејата да отвори паркинг плац и ресторан во Тетово.

Слично искуство споделија и други печалбари

Ретко кој од гастарбајтерите инвестира, но кога се дојдени се чуствува раздвижување на економијата

Печалбарите ги оживуваат малите бизниси, кога не беа дојдени лани поради пандемија тие речиси е да не работеа, вели градоначалничката на Тетово Теута Арифи. Има инвестиции и од нив, но се прават напори да се зголемат.

Одредени проценки велат дека со парите кои ги трошат во текот на целата година, печалбарите го покриваат трговскиот дефицит затоа што нивниот прилив на пари понекогаш достигнува и до 1,5 милијарди евра.Голем дел од печалбарите од полошките рурални општини, се отселени во западно европските земји. Статистиките говорат дека речиси 40 % од населението од овој регион е гастарбајтерско.