Гаражираните тетовски автобуси ги качија првите патници во време кога имаме енормен раст на заразени

0
22

Градските автобуси утринава ги качија првите патници. Се возеа бесплатно во како што го нарекоа од јавното претпријатие Тетово Транспорт промотивниот период. Јавниот превоз започна да работи делумно, ако се земе предвид фактот немањето информативни табли, само две релации и непуштањето во оптек на билети. Се работи за административни и технички пропусти кои со текот на времето ќе бидат остранети, посочија од претпријатието.

За една релација од околу 7 километри автобусот патуваше повеќе од 20 минити поради паркираните возила. Во зависнот од работите на терен ќе се направи проценка дали на булеварите Маршал Тито и Илинденска каде ќе возат автобусите ќе се забрани целосно паркирањето, со цел побрз проток на сообраќај

Автобусите за кои општината плати 720 000 евра требаше да започнат со превезување на патници од почетокот на годинава кога беа и купени и донесени автобусите, но наместо по улиците тие 8 месеци беа паркирани во дворот на противпожарната единица Тетово.

ммс