Гори и во Гевгелија во близина на ГП Богородица

0
20

Пожар попладнево е регистриран и во Гевгелија, над казиното „Фламинго“, во близина на автопатот и ГП Богородица. Во близина има и бензинска пумпа, но засега времето е мирно и нема ветер.

На терен се противпожарните екипи, а според информациите гори градската депонија. Ова го јавуваат од невладината организација „Спас за Гевгелија“.

Граѓаните го повикаа градоначалникот да превземе нешто, а веќе има пријава и до Државниот инспекторат за животна средина.