Градоначалничка Теута Арифи ги обвини граѓаните за неодговорност поради фрлањето смет

0
17

На профилите на Фејсбук на градоначалника Теута Арифи викендов се поставуваат повеќе фотографии и статуси дека се собира фрлениот смет, а за таквата состојба на одговорност се повикуваат граѓаните.

Денеска се поставени фотографии од локацијата пред православните гробишта дека е собран сметот, а за вчера е наведено дека е собран отпад од 42 локации низ градот. Воедно е истакнато дека ако граѓаните гледаат тенденција за создавање мини-депонии, да споделат информации и фотографии до Општината.

– Сметот се фрла во контејнери. Онаму каде истите не се поставени значи дека не е место за оставање на смет. И на 40 степени се чисти пред православните гробишта, јавна површина на која не доликува да се фрла смет и отпад, се вели во објавата на профилот на македонски јазик.

На профилот на албански јазик објавата е поинаква и одговорноста за оставениот смет е насочен кон граѓаните.

– Отпадоци и на гробишта. Да. Ги чистиме гробиштата и главните делови на градот. Тоа што вчера недоговорно го фрли денес некој треба да го чисти, се вели во објавата на Теута Арифи на Фејсбук.

За овие натписи реагираше и невладинот сектор посочувајќи дека локалната власт е неодговорна со оглед на тоа што граѓаните вооошто нема каде да го фрлат сметот како што е локацијата кај православните гробишта и многу други места во градот.

– Неодговорната градоначалничка ги обвинува граѓаните за неодговорност. На повеќе наврати граѓаните се жалат дека и кај православните гробишта, како на многу други локации низ градот, се создава дива депонија, но од страна на општината досега немало доволна волја за да се реагира. Денеска тоа ѓубре е исчистено, а на профилот на Теута Арифи, на албански јазик и вчера, и денеска се обвинуваат граѓаните дека се неодговорни. Лесно е да се префли вината, но потребно е да се преземат мерки што ќе оневозможуват такви појави. Градот нема доволни локации за собирање на сметот, и таму каде што има, бројот на контејнери е недоволен за да се собере целиот отпад што се создава. Општината потрфли и не успеа да одговори на овој предизвик, па за тоа полесно им е да ги обвинат граѓаните како неодговорни, вели Аријанит Џафери од Еко Герила