Груби – Немa потреба од реакции и хистерија за одбележувањето на централната прослава по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор

0
17

Немa потреба од реакции и хистерија за одбележувањето на централната прослава по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор, истакна вицепремиерот Артан Груби кој денеска учествуваше на трибина во Тетово насловена 20 години по Охрид.

Според вицепремиерот Артан Груби, на манифестацијата ќе се запазат сите здравствени протоколи и нема да се дозволи никој да биде заразен. Поради растот на бројките откажан е и концертот во Скопје на плоштадот Македонија, кој требаше да се одржи по повод 20 години од Охридскиот договор.

Вицепремиерот Груби изјавата ја даде по одржувањето на трибината во Тетово, по повод 20- години од рамковниот договор. Заклучокот на дискутантите е дека договорт нромативно е финализран, но останува негово постојано имплементирање.

За прославите по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор издвоени се 500 илајди евра. Сумата наиде на големи критики во јавноста, поради фактот што државата се соочува со мизерна опрема и услови за гасење пожар, а се расфрлаат пари за дебати и прослави.

Груби рече дека се работи за сума која не е толку голема, а важноста на рамковниот договор е исклучителна за добробит на нашето општество.