ГРУБИ: ЈАС НЕ СУМ РЕДАР ДА БАРАМ СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНИ

0
16

Министерството за здравство официјално било информирано и консултирано околу протоколите за настанот на кој утре ќе присуствуваат околу 300 гости по повод 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор тврди првиот вицепремиер Артан Груби.

Откако вчера во изјава за ТВ 24 пак претседателот на на комисијата за заштита од заразни болести  Караџовски посочи дека ниту тој ниту комисијата не добиле официјален допис за консултација  – денеска Груби одговарајќи на новинарско прашање дали на прославата ќе има редари односно лица задолжени за да бараат сертификат за вакцинација, како што владата налага на угостителските објекти од понеделник,  Груби  со одговор:

– Јас не сум редар.

Со сличен одговор  и за денешните настан на кој присуствуваше а каде исто така во затворен простор имаше поголем број на луѓе дел од нив и без маска .

Во меѓувреме пак по реакциите во јавноста кои првиот вицепремиер ги окарактеризира како хистерија на социјалните мрежи во врска со организацијата и протоколите за утрешната манифестација денеска преку писмено соопштение лидрот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски наговести дека ниту тој ниту неговите сопартиици ќе присуствуваат на прославата по повод 20 години Охридски Рамковен. Во дописот се наведува:

– Власта да одговори дали прославата на рамковниот и одложување на мерките заради прославата не значи доказ за целосно политизирање на процесот и воедно лажната грижа за здравјето на граѓаните. Оттука ВМРО-ДПМНЕ ниту претседателот Мицкоски нема да учествува во таквиот декор. Нема потреба од партиска предизборна парада во услови на тешка економска и здравствена криза, рамковниот договор е завршена работа.

Од Бихаќка пак  денеска вратија дека Мицкоски е заглавен во етничките поделби и како што наведуваат во соопштението

– Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ се уште  се обидуваат својата политичка егзистенција да ја остваруват преку сеење поделба меѓу граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ не може да избега од сопствениот учинок во црните страни на нашата понова историја. Воениот конфликт во 2001 се случи за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога бегалецот и осуден криминал Никола Груевски беше министер за финансии. Охридскиот рамковен договор како документ кој донесе прекин на воените дејствија е потпишан и од ВМРО-ДПМНЕ.

И Алијансата за Албанците се огласи дека нема да присуствуваат на утрешниот настан .

Според информациите на министерството за политички систем и односи меѓу заедниците кое е главен организатор заедно со владата на овој настан, поканети на утрешната прослава  се целиот државен врв претставници на опозициските партии  како и поранешни претседатели, и високи функционери, но и гости од страна кои имале некаков удел во потпишувањето. За целата манифестација како и за настаните кои изминатиот период се организираа предвидено е да бидат потрошени половина милион евра.

На утрешната церемонија се очекува да присуствуваат околу 300 гости. Власта тврдеше дека целата органбизација ќе се одвивала според протоколи.