Грција е погодена од најсилен топлотен бран во последните 35 години, Мицотакис предупредува

0
23

Грција е погодена од најлошиот топлотен бран од 1987 година, пред повеќе од 30 години, предупреди премиерот Киријакос Микотакис, во време кога температурите може да се искачат до 45 степени Целзиусови во некои региони.

Од четврток, Грција минува низ топлотен бран, чиј врв се очекува денес и утре, соопштија метеоролозите. Таа земја е погодена од сличен топлотен бран во 1987 година. Тоа најмногу ја погоди Атина, оставајќи повеќе од илјада жртви, поради недостаток на климатизација и атмосферска загаденост.

„Се соочуваме со најлошиот топлотен бран од 1987 година, што доведе до големо оптоварување на електричната мрежа“, додаде Микотакис по состанокот со претставниците на грчкиот оператор за дистрибуција на електрична енергија Адмие. Мицотакис рече дека властите ќе сторат се` што можат и побара од жителите да ја ограничат употребата на електрична енергија, особено во раните попладневни часови и во текот на ноќта.

Метеоролозите предвидуваат температура од 40 до 42 Целзиусови степени на островите и 41 до 43 на копното, а максимални 44 и 45 на Пелопонез и во Тесалија. Во Атина температурите ќе надминат 40 степени, со максимални 43 степени.

Во текот на викендот избувнаа повеќе пожари во Грција, особено на Родос и во Пелопонез. Тие два пожари се намалуваат, а пожарникарите сеуште се борат да ги стават под контрола.