Дарко Блажевски ја објави својата кандидатура за градоначалник на Општина Јегуновце

0
44
Актуелниот прв човек на Општина Јегуновце Дарко Блажевски преку својот фејсбук профил ја објави подршката која ја добил од СДСМ за втор градоначалнички мандат
Во продолжение е неговата целосна објава.
-Благодарност до претседателот на СДСМ Zoran Zaev и раководството на партијата за довербата да бидам кандидат за градоначалник на Општина Јегуновце од редовите на СДСМ на претстојните локални избори.
Ветувам дека како и до сега ќе ја оправдам довербата и сите заедно ќе создадеме подобра општина за живот. Ветувам убедлива победа на претстојните локални избори, Општина Јегуновце ќе остане на патот на реформи, нови проекти и нови инвестиции. Изминативе 4 години заедно успеавме да ја промениме сликата во Општина Јегуновце, во наредниот период продолжуваме со уште позасилено темпо.
СДСМ е фаворит и победник на локалните избори. Победуваме во Општина Јегуновце и создаваме подобри услови за живеење.
Уште еднаш упатувам благодарност за доверената доверба на претседателот на СДСМ Зоран Заев, заменик претседателката Сања Лукаревска, генералниот секретар Ljupcho Nikolovski, потпретседателите Oliver Spasovski, Венко Филипче, Мила Царовска и Fatmir Bytyqi и членовите на ИО на СДСМ.
Победуваме во Јегуновце, победуваме и чекориме кон нови победи ✊