Двата Универзитета во Тетово се уште немаат донесено конечна одлука како ќе ја започнат новата академска година

0
21
 
Двата Универзитета во Тетово се уште немаат донесено конечна одлука како ќе ја започнат новата академска година, дали онлајн или пак со физичко присуство. Оттаму велат дека се зависи од насоките на надлежните, но и од епидемилошката состојба во земјава.

Од Тетовскиот универзитет, велат дека какви насоки ќе им бидат дадени така ќе постапат, од Штуловиот унверзитет пак посочуваат дека нивна желба и да има настава со физичко присуство, но имаат и план б, ако состојбата со пандемијата не се стабилизира

Доколку факултетите бидат со физичко присуство како и основците од полошко, потребно е особено внимание и почитување на мерките и пртоколите конкретно во основното образование, каде сепак се работи за деца и не толку развиена свест, велат здравствените работници.

А каква ќе биде наставата во универзитите во Тетово од Министерството за здравство посочија дека ќе се разговара со нив, со оглед на посебните карактериситки кои ги имаат овие образовни институции.