ДОНЕСЕНА КОНЕЧНА ОДЛУКА – Средните училишта во полошко првите две недели онлајн, а основците од овој регион со физичко присуство

0
21
Средните училишта во полошко првите две недели онлајн, а основците од овој регион со физичко присуство, одлучија Комисијата за заразни болести, Министерот за здравство Венко Филипче на состанокот кој го одржаа утринава. Одлуката следи по вчерашното барање на Кризниот штаб на Општина Тетово,  наставата на сите ученици од тетовско – гостиварскиот регион првите три недели од септември да спроведува преку онлајн платформата, поради лошата епидемиолошка состојба

 

Заштита на болничките капацитети во Тетово и Гостивар, кои имаат голем притисок и наплив од пациенти беше пресудно да се донесе одлуката, рече Министерот за здравство  Венко Филипче. Дали и по две недели од почетокот на учебната година наставата во средните училиште во полошко ќе продолжи онлајн, се зависи од епидемиолошката состојба во регионот.

Добра вест е што на ниво на сите региони епидемоилошката состојба се подобрува бројките се намалуваат и сето тоа како резултат на зголемениот интерес за имунизација, посочи Филипче.

Предлогот кој го донесе Кризниот штаб на Општина Тетово сите вработени во образованието да бидат вакцинирани или секој трет ден кога одат на работат да приложуваат ПСР тест дополнително ќе се разгледа и ќе се донесе конечна одлука, дополни Филипче.