Експлозија“ на бројот на заразени со ковид-19 во Косово

0
40

Косово урива рекорди со бројот на заразени од коронавирусот, а според последниот пресек има повеќе заразени во еден ден од Србија, Хрватска и Македонија. 

За 24 часа имаат  рекордни 1.009 случаи.  Бројот на активни случаи денеска достигна 4.414.

Во Косово досега се дадени 540 илјади дози вакцинации, од кои речиси 18 илјади вчера.

Во Србија бројот на новозаразени во последните 24 часа е 983, Хрватска 333.

Во Македонија според последните информации од Министерство за здравство регистрирани се 639 нови случаи на коронавирус, а шест пациенти починаа