Енвер Пајазити независен кандидат за Општина Брвеница

0
17

Политичките партии почнаа да ги објавуваат имињата на кандидатите за градоначалници, но има и независни кандидати.

Актуелниот градоначалник на Брвеница, Енвер Пајазити ја објави својата кандидатура за Брвеница. Оваа информација ја објави самиот Пајазити, заблагодарувајќи им се на граѓаните за досегашната поддршка.

„Почитувани граѓани на општина Брвеница, од срце ви благодарам за поддршката што ми ја давате сите овие години и особено сега со собирање потписи за следниот мандат за градоначалник на Брвеница како независен кандидат 2021-2025 година , оваа поддршка масовно дополнително ја зајакнува мојата правилна одлука, информираше Пајазити.