Ердоган: Муслиманите мора да преземат одговорност за безбедноста и иднината на човештвото

0
39

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган порача дека муслиманите мора да преземат одговорност за својот мир и просперитет, како и за безбедноста и иднината на целото човештво, јави Анадолија.

Ердоган, во видео-обраќањето на денешното четврто Генерално собрание на Форумот на млади на Организацијата за исламска соработка (ОИС), истакна дека сме сведоци на еден од најбурните периоди во историјата на човештвото, време кога ека безбедносните проблеми, терористичките активности и епидемијата се постојано на светската агенда, поради што не может во потполност да се постигне посакуваниот мир и благосостојба. Тој оцени дека тие проблеми, кои се закануваат на целото човештво, за жал, оставиле најдлабоки траги на подрачјето на муслиманскиот свет.

– Муслиманите кои се борат со судири, миграции, сиромаштија и болести на широкото географско подрачје, од Сирија до Авганистан, мораат истовремено да се борат со растечката исламофобија и расизам, особено на Западот. Речиси секој ден читаме вести за нашите браќа кои се малтретирани и дискриминирани поради свои уверувања, шамијата и облеката, во земјите кои наводно се колевка на демократијата. Не е возможно да се продолжи овој неправеден поредок, во кој постојат глад, војна и екстремна сиромаштија од една, и луксуз, разврат и експлоатација од друга страна, смета турскиот претседател.

Тој вели дека Турција константно укажува на глобалната неправда и нагласува дека „светот е поголем од пет”, мислејќи на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, пренесува Анадолија.

– Никој од нас не може да си го дозволи тој луксуз само да го гледа овој поредок. Муслиманите мораат да преземат одговорност за својот мир и просперитет, како и за безбедноста и иднината на целото човештво, и да го подигнат својот глас пред неправдите на кои сведочат, порача Ердоган