ЕУ испраќа помош во Македонија за справување со пожарите

0
19

Европскат Унија ќе испрати помош од возила и капацитети кои ќе помогнат со справувањето на пожарите на територијата на земјава. Ова го најави Јанез Ленарчиќ, шеф на европската Комисија за управување со кризи.

„ЕУ испраќа капацитети во Грција и Северна Македонија како поддршка на локално ниво.

Помошта доаѓа од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од ЕУ“, напиша Ленарчиќ.

Помош за Македонија дојде и од Словенија денеска, во справување со пожарите во источниот дел од земјава.

Во моментов во Македонија во пехчевско-беровскиот регион беснеат пожари, кои се гасат со пет хеликоптери.

И во Грција беснеат пожари, особено е голем оној во близина на Атина кој се закануваше да го уништи местото на древните Олимписки игри.