Жена загина во пожарите во Албанија, таа е втора жртва

0
31

Регистрирана е втора жртва од пожарите во Албанија.

 

Загинала 60-годишна жена од Џирокастро, која е примена во болница пред осум дена со изгореници на 70 проценти од површината на телото, објави порталот Албанија пост.

Пред една седмица, загина нејзиниот 65-годишен сопруг додека се обидуваше да го изгасне огнот. Пожари во Албанија има скоро две недели, а најкритично беше во областа Кукс. Пожари има во Грција, Македонија, Турција, и многу други земји ширум светот.