Загриженоста голема, но нови мерки за Тетово нема, болницата преполна

0
21
Ковид центрите полни, се ослободуваат болнички соби од други одделенија во Клиничката болница Тетово. Состојбата со вирусот од ден на ден се влошува. Во моментов има хоспитализирано 90  пациенти.

 

За 24 часа примени се нови 20 пациенти со тешка клиничка слика. Се распоредуваат во собите од другите одделенија, затоа што во модуларната, инфективното и двата ката од интерното кои се пренаменети во Ковид центри празни места нема. Реорганизација на болницата постојано се прави, во зависнот ситуацијата со вирусот која е се поалармантна.

Загриженоста голема, но нови мерки за Тетово нема. Како опција на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, било предложено намалување на капацитетот на јавниот превоз и работа на угостителките објекти со пократко време. Но мерките  засега на се усвоени, посочи минiситерот Филипче

И Општина Тетово засега без  препораки и локални мерки. Но од таму во време на раст на бројот на заразени, со пофалија со градските автобуси кои утринава за прв пат започнаа да превезуваат патници, каде дистанца воопшто и не можеше да се одржува.

Капацитетот на еден автобус е 100 лица, но истиот како што кажаа од претпријатието ќе биде органичен, со цел спречување на ширење на заразата.

Во овој период мора да се избегнуваат собири и места каде е невозможно да се одржува дистанца, апелираше д-р Гзим Нуредини координатор на Ковид центарот при Клиничката болница Тетово. 

Ситуацијата со вирусот е загрижувачка во целиот полошки регион. И во гостиварско веќе се наполнети болничките капацитети со Ковид болни.

Пациентите од овој регион како што најави Филипче, во зависност од потребите ќе се препраќаат во градската болница 8 септември и модуларната во Скопје.